4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинез осуден на смрт – ја убил сопругата и телото три месеци го чувал во ладилник

Судот му Кина му изрече смртна казна на Кинезот кој ја убил сопругата и нејзиното тело три месеци го чувал во ладилник.

Џу Сјаодонг (31) признал дека ја задавил сопругата по расправија во 2016 година, потоа телото го завиткал во прекривка и го ставил во ладникот на балконот.Во наредните три месеци тој ги трошел парите на убиената сопруга на патувања, на кои одел со партнерка.

Судот во пресудата навел дека Џу не покажувал знаци на каење. Обидувајќи се да го прикрие убиствоот, тој на социјалните мрежи оставал коментари во име на неговата сопруга. Тој на полицијата и се предал пред прославата на роденденот на таткото на неговата сопруга, на кој се очекувало да присуствува и убиената жена.

Случајот предизвика огромен интерес во Шангај, а родителите на убиената жена бараа зетот да биде осуден на смрт.