13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Фејсбук засега молчи: Бројни корисници се жалат на овој проблем

Во последно време на луѓето почнале да им исчезнуваат објавите кои ги споделиле на Фејсбук, пишува Индепендент.

Бројни корисници пријавиле дека споделиле објава на своите страници и потоа сфатиле дека исчезнала после објавувањето. Исто така се жалат дека пораките во Месинџер почнале да исчезнуваат само неколку минути откако примачот ги забележал.

Овој проблем не се однесува на сите објави туку се чини дека ги погодува само некои страници на Фејсбук и некои видови објави. Исто така, невозможно е да знаете дали објавата исчезнала без рачно да проверите.

Бидејќи оваа социјална мрежа ја користат повеќе од милијарда луѓе, дури и најмалите проблеми погодуваат многубројни корисници.

Засега Фејсбук не се огласи официјално по тоа прашање, но се чини дека тоа се случува поради „bug“ кој се појавил.

Спонзорирано: