10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Трамп: Ако некој бара добар адвокат, не го препорачувам Мајкл Коен

Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска, изјави дека на никого не би му го препорачал својот поранешен адвокат Мајкл Коен.

„Ако некој бара добар адвокат, силно му препорачувам да не го ангажира Мајкл Коен“, напиша Трамп на „Твитер“, објави АП.

Коен во вторникот се изјасни за виновен за кршење на законот за финансирање кампањи и други обвиненија.

Признавањето на Коен е поврзано со парите што им биле исплатени на љубовниците на Трамп за време на предизборната кампања во 2016 година.

Коен истакна дека организирал исплати чија „главна цел беше да влијаат врз изборите“ по налог на кандидатот за федерална позиција, што тој не го именува, објави „Гласот на Америка“.

Спонзорирано: