23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата проектот за гасовод на Водно го наследи од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ очигледно целосно се загуби во лажните вести па почна да критикува проекти донесени за време на нивното криминално владеење, а токму таков е проектот за гасоводот на Водно којшто актуелната Влада го наследи од претходната, се вели во ракцијата на владејачката партија СДСМ.

Оттаму додаваат дека станува збор за проект за којшто сите дозволи и решенија се извадени и донесени токму од ВМРО-ДПМНЕ, додека оваа партија била на власт.

„Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за штета, за којашто тие се сторители. Зборува за сеча на дрва, а токму тие се оние кои со години го уништуваа зеленилото на Водно и во Скопје. ВМРО-ДПМНЕ зборува за нарушување на животната средина, а токму со проектите што се изведоа во времето на нивното 11-годишно владеење се нанесоа страшни, долгорочни и непоправливи штети врз Водно. За разлика од налудничавите проекти на ВМРО-ДПМНЕ на Водно, конкретниот и изменет проект за гасификација не само што не штети, туку ја заштитува животната средина“, се наведува во партиското соопштение.

Од СДСМ додаваат дека со изменетата траса двојно се намалува и опфатот на дрвната маса од 3 000 на 1 400 метри кубни, односно се намалува ширината на трасата од 25 на 10 метри и воедно се опфаќа само 0,07 отсто од шумата Водно.

„Владата обезбеди и средства во висина од 43 милиони денари од страна на МЕР како законска компензација за пошумување на она коешто ќе се исече при спроведување на проектот“, објаснуваат од владејачката партија.

Оттаму додаваат и дека гасификацијата е врвен стратешки проект за Македонија, а придобивките од нејзината реализација се повеќекратни бидејќи, како што велат, ќе се намали загадувањето на воздухот, ќе се намали сечата на дрва, ќе се намали ерозијата на земјиштето, а граѓаните ќе добијат нов и поевтин начин на затоплување.

Спонзорирано: