Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Вработување

Повик до сите невработени лица во Македонија

Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија, за мерката 2. 1 Субвенционирање на плати, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, на ден 16. 3. 2018 година се објавува

ЈАВЕН ПОВИК / ИЗВЕСТУВАЊЕ
до невработените лица

1. Се повикуваат невработени лица евидентирани во АВРМ кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот:

долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција)
млади лица до 29 години
лица постари од 50 години
лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок по основ на невработеност
лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование
лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
жртви на семејно насилство
инвалидни лица
жени припадници на помалите етнички заедници
лица припадници на ромската етничка заедница
самохрани родители
родители на деца со пречки во развојот
родители на 3 и повеќе деца
родители на деца на улица
осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа
бездомни лица
поранешни корисници на дрога
лица со незавршено средни или пониско образование да се пријават во работните клубови на Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на РМ, каде редовно се евидентираат како невработени лица, секој работен ден од 9. 00 до 14. 00 часот.

2. Секој кандидат кој ќе биде избран за вработување од страна на работодавачите по претходно извршено интервју, ќе биде финансиски поддржан од Агенцијата за вработување на Република Македонија во износ од 19.000,00 денари месечно за период од 3, 6 или 12 месеци за вработување од кои 18.000,00 денари како субвенција на платата на вработеното лице и 1.000,00 денари за направените трошоци за подготовка на лицето во работниот процес. Работодавачот може на работникот да му исплати и повисока плата.

3. Работодавачот кој вработува невработено лице е должен да го задржи лицето во работен однос по завршување на периодот на субвенционирање во периодод:

6 дополнителни месеци ако користи 3 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 9 месеци);
12 дополнителни месеци ако користи 6 месеци субвенционирање (вкупен период на вработување 18 месеци);
18 дополнителни месеци ако вкупниот период на субвенционирање изнесува 12 месеци (вкупен период на вработување 30 месеци).

4. Условите, правата и обврските поконкретно ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенцијата за вработување на РМ, работодавачите и кандидатите.

5. Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат се до исполнување на предвидениот опфат на корисници.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на РМ,
контакт телефонот 0231 11850 и веб страната www.avrm.gov.mk

АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе