13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Брз доручек за целото семејство: Питулици со јогурт за само 100 денари

Доколку немате многу време за подготовка на доручек постои начин сепак да изедете нешто топло и вкусно.

Подгответе плех за мафини и една чинија и сè ќе биде готово за миг!

Состојки: 1 пакување кори, 2 чаши јогурт, 3 јајца, малку масло, на врв на нож прашок за печиво

Начин на подготовка:

Во сад пенасто разматете јајца па додајте јогурт и сол по вкус. Корите за пита раздвојте ги и кинете ги по парчиња па потопете ги во смесата. Можете да додадете и малку масло за да биде покремасто и да не се лепи. Така наквасените кори ставајте ги во плех за мафини. Од горе посипете со малку сусам, а можете да додадете и оригано ако го сакате тој вкус.

Кога сите дупки на плехот ќе бидат пополнети ставете во загреана рерна на 220 степени да се пече околу 15-20 минути. Проверете со вилушка или чепкалка дали е готово. Доколку на чепкалката не останува ништо питулиците се готови. Извадете од рерна и уживајте.

Добар апетит!

Спонзорирано: