11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Во поплавен кањон во јужна Италија загинаа 11 лица, продолжува потрагата по исчезнати

Најмалку 11 луѓе загинаа во клисурата Раганело во јужна Италија, објавија италијанските медиуми.

Обилните дождови доведоа до покачено ниво на водата на реката во близина на градот Цивита во Калабрија, а надојдената вода ги повлекала туристите и излетниците. Повеќето од нив биле во групи и биле изненадени од високиот водостој.

Некои од нив спас пронашле на карпите. Едно дете со хеликоптер било транспортирано во болница поради преладеност. Вкупниот број на луѓе кои биле во клисурата односно бројот на исчезнати засега е непознат, пренесе „Анса“.

Кањонот долг 13 километри е популарна туристичка дестинација поради чистата вода и спектакуларните карпи. Во туристичката понуда се екскурзии низ клисурата, која е длабока 400 метри.

Спонзорирано: