19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Додека авганистанскиот претседател држел говор, започнал ракетен напад

Талибанците утрово испукале 12 рекети кон претседателската палата во Кабул, додека претседателот, Ашраф Гани, држел говор по повод Курбан-бајрам, соопшти полицијата.

Засега нема информации за евентуални жртви во нападот.

Во моментот кога одекнале детонации, Гани го запрел својот говор и рекол: „Погрешно е да се мисли дека ракетните напади ќе го спречат Авганистан“.

Една ракета паднала во близина на претседателската палата, а другата крај американската амбасада.

Авганистанските сили ја опколиле куќата од која се верува дека е извршен нападот, по што започнала престрелка.

Спонзорирано: