14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Уште 40 дена до реферемдумот, а ВМРО-ДПМНЕ не се изјаснуваат

На 40 денови до референдумот на кој граѓаните ќе одлучат за иднината, само ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уште немаат јасен став за едно од најважните прашања во историјата на независна Македонија, реагира преку соопштение Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

„Со исполнувањето на домашните обврски и реформи за членство од Македонија создаваме функционална држава во која владеат редот и законот. Со членствово на Македонија во ЕУ и НАТО влегуваме во сојузи кои функционираат според правила, ред, закон и прописи. Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против тоа и затоа не се изјаснуваат односно немаат јасен став за референдумот, за најважното прашање за иднината на Македонија?“, прашува СДСМ.

Владејачката партија додава дека граѓаните знаат оти влезот во ЕУ и НАТО нема алтернатива и на 30-ти септември ќе изберат иднина.

Спонзорирано: