3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Проверено добра: Оваа неодолива торта се спрема за 20 минути, без печење

Има едноставно име – Песок торта, а уште полесно се спрема!

Состојки: 1 л млеко, 4 пудинга од ванила, 330 гр шеќер, 1 маргарин, 200 гр бисквити, 200 гр кокос, 200 гр ореви, шлаг

Начин на подготовка: Количината состојки, секако, зависи од големината на колачот кој сакате да го направите, но битно е да го сочувате наведениот сразмер.

Воглавно, треба да зготвите 4 пудинга од ванила, но не според упатството на кесичката, туку во 1 л млеко. Пудингот изладете го и во него додајте маргарин, пенасто разматен со шеќер.

Смесата поделете ја на три дела. Во еден додајте кокосово брашно, во друг ореви, а во трет мелени бисквити. Треба да додадете толку состојки за пудингот да биде доволно цврст.

Во прикладен капал за торта прво ставете крем со бисквити, преку крем со кокос, а на крај со ореви.

На крај разматете шлаг и украсете ја тортата, оставете да стегне и послужете.

Уживајте!