10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Наредниве денови сончево време, а од недела очекувајте невреме низ цела Македонија

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Вредноста на УВ индексот ќе изнесува 8. Дневната температура ќе се движи од 25 до 37 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а во сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места.

Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.

 

Спонзорирано: