13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Конте: Се подготвуваат казни поради уривањето на мостот во Џенова

Италијанската влада работи на подготовката на казни кои би можеле да се применат против групацијата „Атлантија“, поради трагичното уривање на мостот во Џенова, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте.

„Тој предмет е во мојата торба и патува со мене изминатите неколку дена“ рекол Конте во интервју за Кориера дела Сера, пренесе Ројтерс.

Конте исто така рекол дека 500 милиони евра, колку што понудила групацијата „Атлантија“ за помош на жртвите од несреќата, е скромна бројка.

„Тие во меѓувреме би можеле да ја зголемат до четирипати сумата“ нагласил Конте.

Операторот „Austrada pet L’Italija“, кој е во состав на групацијата „Атлантија“, раководел со мостот во Џенова, кој се урна минатата недела. Италијански експерти уште на почетокот на годината утврдиле дека корозија на металните кабли на надвозникот во Џенова, ја ослабила цврстината на конструкцијата и носивоста за дури 20 отсто.

Извештајот бил објавен неколку месеци пред несреќата во која животот го загубија 43 луѓе. И покрај извештајот, ниту ресорното министерство, ниту компанијата „Аустрада“ задолжена за одржување на автопатот, не сметале дека е неопходно да се ограничи сообраќајот или да се пренасочи.

Спонзорирано: