11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма на небото: Познатиот рапер е во авионот на кој му експлодираа гумите

Раперот Пост Малон е еден од 16-те пријавени патници во авионот, навел на својот Твитер профил шефот на канцеларијата Политико Рајан Хачинс, пишува rt.com.

Инаку како што претходно објавивме авион во САД се обидува да слета на аеродром бидејќи останал без двете тркала, јавуваат американските медиуми. Авионот на летот за Лондон полетал во 10.50 часот по локално време од аеродромот „Тетерборо“ во Њу Џерси.

Двете гуми на тркалата на леталото експлодирале при полетувањето, а авионот моментно кружи над аеродромот „Вестфилд Барнс“ во Масачусетс и се подготвува за принудно слетување. Станува збор за авионот „голфстрим“, кој главно се користи за приватни и бизнис-летови. Во него има 16 луѓе.

Спонзорирано: