8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Возачот кој удри во пешаци во Шпанија бил пијан и издрогиран

Возачот кој денеска со автомобил повреди три лица откако влета во група пешаци во предградие на шпанскиот град Сарагоса, бил под влијание на алкохол и дрога, а полицијата не го третира инцидентот како терористички напад, објавија шпанските медиуми.

Во 9.20 часот наутро, автомобил марка „Бе-ем-ве X3“ излетал на тротоар по кој оделе повеќе пешаци и повредил три лица. Полицијата потоа го уапси 25-годишниот возач, шпански државјанин со мароканско потекло и неговата 26-годишна сопатничка од кубанско потекло, кои првично побегнале од местото на настанот, објави локалниот весник „Хералдо де Арагон“. Двајцата биле позитивни на тестовите за алкохол и дрога.

Полицијата го смета овој настан како сообраќаен прекршок со повредeни лица, а не за терористички напад, соопштил извор од полицијата за локалните медиуми. Граѓанската гарда која го испитува случајот не смета дека возачот намерно ги прегазил минувачите, но истрагата сѐ уште е во тек. Полицијата засега не објавува детали за настанот.

Претходно, полицијата во Барселона уби напаѓач вооружен со нож, кој се обидел да ја нападне полициската станица во градот Корнела. Како што соопшти каталонската полиција, напаѓачот бил смртно застрелан на самото место на нападот, а во моментот на нападот извикувал „Алах акбар“. Овој инцидент се води како терористички напад, а поради тоа сите полициски станици во регионот беа повикани на зголемена внимателност и подготвеност.