15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Шекеринска: Ниту еден денар од парите наменети за АРМ не влегува во сумата за референдумската кампања

Ниту еден денар од парите наменети за АРМ не влегува во сумата за референдумската кампања, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и објасни дека се работи за средства што биле насочени кон активност во поддршка на нашите НАТО-интеграции, но коишто не биле во делот на логистика ниту потреби на АРМ.

Шекеринска денеска во Стопанската комора на Македонија одржа состанок со претставници на фирми можни понудувачи во постапките за јавните набавки на неборбени моторни возила и на инженериски машини за потребите на Министерството.

„Оваа земја со огромно мнозинство одлучила да стане членка на НАТО и на ЕУ. Референдумот е еден од чекорите кои што може да ни обезбедат членство во ЕУ и НАТО. Ако за ова немаме консензус, многу тешко ќе биде да најдеме консензус околу други прашања и затоа го водиме процесот многу јавно и транспарентно. Но велам, во Министерството за одбрана ниту еден денар нема да се земе од функционирањето на Армијата за оваа цел“, рече Шекеринска и додаде дека набавката на инженериски машини и неборбени возила е најдобар демант дека ниту еден денар од парите наменети на АРМ нема да биде потрошен за други намени.

На состанокот фирмите беа охрабрени да дадат забелешки и коментари во однос на содржината на техничките спецификации од тендерската документација, во насока на зголемување на конкуренцијата при поднесувањето на понудите од понудувачите.

„Сакаме да обезбедиме чесна, транспарентна и многу конкурентна постапка, која ќе им даде шанса на најдобрите да победат, а нам ќе ни даде шанса да ја добиеме подобрата опрема по подобри цени. Сакам да кажам дека ова ќе продолжи да биде политика на Владата, на Министерството за одбрана и убедена сум дека тоа е добро и за институциите во Македонија, но и за домашната економија“, рече министерката.

Договорите што ќе бидат склучени за овие две јавни набавки ќе бидат за период од 3 години и се содржани во Планот за јавни набавки за оваа година. Тендерските документации ќе бидат отворени за забелешки до крајот на месецот.

Спонзорирано: