(Видео) Евакуација во продавница на „Епл“ поради прегреана батерија на „ајпад“

Прегреана батерија на „ајпад“ предизвика паника и евакуација на купувачите во продавница на „Епл“ во Амстердам. Таблетот бил ставен во канта со песок, со што била отстранета секоја потенцијална опасност.


Инцидентот се случил вчера попладне околу 14 и 20 часот по локално време. Во продавницата пристигнале пожарникари, а проблемот брзо бил саниран

Иако во продавницата немало чад, три лица се пожалиле на распираторни проблеми по инцидентот. Не е познато дали се работи за купувачи или за вработени во продавницата.

И покрај тоа што се прилично безбедни, литиум-јонските батерии, сепак, може да бидат опасни во одредени ситуации. Постои можност да експлодираат или да се запалат доколку прегрејувањето веднаш не се забележи.

И претходно доаѓало до вакви инциденти во продавници на „Епл“ од кои еден се случил годинава во продавница во Цирих.

(Makfax)