7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Трагедија на Јадранов: Молња убила 25-годишник

Во невреме кое вчера околу 18 часот го погодило подрачјето на Подстрана, Хрватска загинал помлад маж.

Како што јави Далмација Данас, тој се капел со девојката на плажа во Мутограс.

Според сведоци, се работи за 25-годишник до Сараево кој бил на летување со девојката.

„Молња удри во морето, слушнав крик и сфатив дека се случила трагедија. Иако девојката беше до него, таа не настрада, и почна да го извлекува од морето. Во спасувањето се приклучија многу луѓе, но за момчето немаше спас“, рекла една жена, сведок на трагедијата.

Спонзорирано: