5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Србија во ЕУ до 2025 година – изводливо, но не и гарантирано

Австрискиот амбасадор во Србија, Николаус Лутероти, смета дека 2025 година е остварлив датум за пристапување на Србија во ЕУ, но дека тоа не може да се гарантира и истакнува дека напредокот во голема мера зависи од реформите во Србија.

Амбасадорот на Австрија, која на 1 јули го презеде претседателствувањето со ЕУ, во интервју за порталот „Јуропиан Вестерн Балкан” рече дека напредокот зависи пред сè од реформите во областа на владеењето на правото и истакна дека земјата ќе продолжи силно да ја поддржува српската перспектива за пристапување.

Тој истакна дека Австрија се надева дека ќе дојде до значаен и конкретен напредок во процесот на проширување на Западен Балкан, особено кога станува збор за Србија, додавајќи дека оваа тема заслужува високо политичко внимание.

Лутероти додаде дека неговата земја за време на претседателството сака да се фокусира на три приоритети, меѓу кои се безбедноста и борбата против илегалната миграција, заштитата на европската конкурентност и просперитет и одржувањето силен фокус на стабилноста на Југоисточна Европа.

Тој рече дека некои политичари на Западен Балкан презеле вистински чекори и истакна дека само помирување и регионална соработка можат да доведат до стабилност и просперитет, но дека уште многу треба да се направи во врска со тоа.

Лутероти вели дека младите луѓе на Балканот ќе ја одредат иднината на регионот и нагласува дека Австрија затоа ја поддржува Регионалната канцеларија за младинска соработка.

Спонзорирано: