3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Ова се штетните последици од пиењето вода со лимон

Водата со лимон е еден од најпопуларните напитоци за забрзување на слабеењето со кој многумина го започнуваат денот. Ова е еден од главните ритуали на многу диети, бидејќи не содржи калории и шеќери, го подобрува варењето, го чисти телото од токсини, обезбедува доза антиоксиданси и витамин Ц. Покрај утринската доза, многумина пијат вода со лимон преку целиот ден.

Премногу лимони „ќе запалат“ оган во вашиот желудник. Имено, лимонот е едно од најкиселите овошја, а познато е дека токму цитрусите го засилуваат лачењњро на желудачни киселини и затоа поттикнуваат жиговина.

Киселините во лимонот го оштетуваат заштитниот слој глеѓ на вашите заби, а тоа може да доведе до чувствителност на забите, па дури и кариес. Ако имате проблем со забите, никако не пијте вода со лимон во текот на целиот ден или по секоја испиена чаша измијте ја устата со голтка обична вода.