3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Не се секирај, ќе ја повторам анкетата за четворката“, аналитичарот Владимир Божиновски го смирува Јанакиески

Во две од пуштените бомби во судницата за предметот „Титаник“ разговараат Владимир Божиновски, координатор на Центарот за истражување на јавното мислење на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во разговорите од 30 мај 2011 година Божиновски му вели дека проблем за изборите во 2011 година е четвртата единица, според анкетата која тој ја спровел: „И јас се изнервирав многу. Не очекував. Ништо, ти ќе си продолжиш јако до крај и тоа е тоа“, му вели Божиновски на Јанакиески.

Ексминистерот му вели на Божиновски дека е разочаран од анкетата во четворката. Божиновски му одговара дека можно е да има направено маргинална грешка од +/-3%: „Не се секирај ти. Ти реков дека сме на граница. Утре ќе ја повторам анкетата уште еднаш“.

Божиновски му вели дека го загрижува излезноста во четвртата изборна единица. Како што вели самиот, била малку „мутава“, и тоа не им одговарало. „Мене четворката ми е круцијална. Таму се работи најмногу“, му вели Божиновски на Јанакиески.