3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Фан страна на фејсбук @zaevzoran
Uncategorized

НАТО вечерва со нов потег околу Македонија – еве што побараа од нас

Владата на Македонија ги прими упатствата на НАТО кои треба да се исполнат во временски период од 18 месеци, како што беше наведено на Самитот на Алијансата што се одржа на 11 и 12 јули, објави Алсат М, повикувајќи се документ обезбеден од свои извори.

Во документот што според телевизијата е испратен до институциите се наведуваат условите кои Македонија мора да ги исполни – политички, економски, безбедносни и судски.

Според Алсат М за сите министерства има многу задачи, а ќе ги координира Координативен совет на владино и министерско ниво, кој се очекува да помине на владина седница следниве денови.

Меѓу политичките услови што земјата мора да ги исполни се:

-Продолжување на владеењето на правото и реформите во судството, вклучувајќи го зајакнувањето на независноста на судството и преземање активни чекори за зајакнување на одговорноста за корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво;

-Да се зголемат напорите за изградба на функционално мултиетничко општество засновано на целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор;

-Целосно спроведување на сите пропишани внатрешни процедури во однос на договорот за решавање на прашањето за името, што е услов за успешно завршување на процесот на пристапување;

-Поголема отчетност и соодветен надзор над разузнавачките и безбедносните служби. Имплементацијата на препораките од меѓународните партнери и законите донесени од декември 2017 година во оваа област.

Во областа на одбраната и војската од земјата се бара:

-Да се осигура дека нема уставни или законски ограничувања кои би можеле да ги попречат колективните одбранбени операции, да се проверат внатрешните процедури за испраќање на вооружени сили во странство;

-Да се осигура дека сите стратешки насоки за развој, трансформација и функционирање на националниот систем на одбрана и способностите се во согласност со идното членство во НАТО;

-Да се започне со спроведување на плановите за реструктуирање и модернизација на вооружените сили со цел постигнување на планираните воени капацитети и развивање на поспособни, расположливи и одржливи сили способни да придонесат на мисиите на Алијансата;

-Одржување на нивото на расходи за одбраната што е доволно за поддршка за преструктуирање и модернизација на вооружените сили, што ќе овозможи ефективен придонес кон Алијансата.

Во рамките на реформите предложени од НАТО, земјата мора да исполни низа услови во областа на безбедноста, правните работи и ресурси кои вклучуваат тендерски процедури, како и обезбедување на буџет за заедничко финансирање на програмите на Алијансата.

Разговорите меѓу Македонија и НАТО се очекува да започнат следниот месец, додека како што е наведено во документот на кој се повикува Алсат М, врз основа на досегашното искуство, може да траат до април 2020 година, кога се очекува финализација преку ратификација од страна на земјите членки и Македонија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

Тупанчески: Иницијативата за референдум има правни аномалии

M T