12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонците десет години биле држени во заблуда: СДСМ со жестока реакција откако се разоткри како функционирало објавување на анкети

Денешните разговори што се слушнаа во предметот „Титаник“ што се води против поранешното високо раководство на ВМРО-ДПМНЕ се уште една потврда за злоупотребите коишто 11 години ги правеше режимот.

Денеска јавноста уште еднаш слушна како се нарачувале и се пласирале во јавноста лажни анкети преку кои се манипулирале граѓаните.

Анкетите на Божиновски биле нарачани по принципот „ало Миле“ што е уште потврда дека анкетите на Институтот за политички истражувања се лажни и единствено во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и демократски услови, за нив е важен единствено партискиот интерес и одбрана на криминалот.

Граѓаните го поразија режимот. ВМРО ДПМНЕ и ваквото однесување се минато.

Македонија оди напред, се гради како нормална, слободна, демократска држава.

Членството во ЕУ и НАТО носат функционирање по европски правила. Затоа, граѓаните на референдумот на 30 септември ќе кажат да за членство во ЕУ и НАТО, да за македонската иднина.

Спонзорирано: