15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ќе учествува во стратешките вежби во Русија заради „јакнење на стратешкaта воена соработка“

Министерството за одбрана на Кина соопшти дека кинеските војници ќе учествуваат во стратешките вежби „Исток-2018″ во Русија, објави ТАСС .

Според постигнатиот договор меѓу Кина и Русија, земјите ќе организираат заеднички вежби на полигонот Цугол во Забајкалскиот Регион од 11 до 15 септември (годинава), велат од Министерството.

Во извештајот се истакнува дека „вежбите имаат цел зајакнување на руско-кинеската стратешка воена соработка, зајакнување на потенцијалот на земјите во областа на заедничката реакција на различни закани за безбедноста, како и за одржување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот”.

Според информација на Военото министерство на Кина, на заедничките вежби во Русија ќе бидат испратени „околу 3200 војници, повеќе од 900 единици различни видови оружје, како и 30 хеликоптери и летала со неподвижни крила”.

Маневрите „Исток-2018″ ќе се одржат во август и септември со учество на сили и средства од Источниот и Централниот воен округ и Северната флота на Русија. Стратешките вежби ќе бидат главните маневри за оваа година за воената авијација на Русија.

Спонзорирано: