20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Готова за 10 минути: Најубавата сладолед торта

Доколку сте љубители на брзи, а вкусни десерти оваа торта е создадена за вас!

Состојки: 1 кг шлаг, 1 л кисела вода, 400 мл павлака, 2 кутии мелени плазма бисквити, 2 кутии смрзнати малини

Начин на подготовка:

Прво шлагот разматете го со кисела вода и направената смеса поделете ја на три дела.

Еден дел измешајте со бисквити и павлака и таа маса обликувајте ја на тацна.

Вториот дел измешајте го со малини и ставете го на направената смеса и третиот дел (само шлаг) ставете го од горе. Украсете со малини и друго овошје.

Уживајте!

Спонзорирано: