4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Десетина жртви и разурнати куќи по силните земјотреси во Индонезија

Најмалку 13 лица загинаа во силните земјотреси што ги погодија индонезиските острови Ломбок и Сумбава, додека регионот се обидува да заздрави од разорните земјотреси кои претходно месецов однесоа стотина животи.

Земјотресот со јачина од 6,9 степени беше најсилниот што вчера го погоди Ломбок и доведе до лизгање на земјиштето. На него претходеше земјотрес од 6,3 степени, неколку часа порано.

Портпаролот на агенцијата за природни катастрофи рече дека најмалку 11 лица на Ломбок и Сумбави загинале при рушење на зградите или починале како последица на срцев удар, а ден претходно настрадаа две лица. Според неговите зборови, оштетени се повеќе од 1 800 куќи. По земјотресот од 6,9 степени следеа серија силни автершокови.