11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брисел: Војниците на улиците ќе ги заменат припадници на федералната полиција

Од септември војниците на улиците низ Брисел ќе ги заменат припадници на федералната полиција. Федералната полиција ќе ја преземе должноста во септември, најави во изјава за медиумите министерот за одбрана на Белгија.

Војниците беа ставени да патролираат низ улиците на градот по неколкуте терористичките напади во Брисел во 2016 година.

Според министерот за одбрана, промената нема да ѝ наштети на безбедносната ситуација. Тој исто така истакна и дека војниците ќе продолжат да патролирааат на стратешките точки, меѓу кои се и амбасадите и меѓународните институции.

Спонзорирано: