3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Анкара: Нападот врз Амбасада на САД е обид да се создаде хаос

Нападот врз американската амбасада во Анкара е јасен обид да се создаде хаос, изјави портпаролот на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калин.

Портпаролот осудувајќи го нападот рече дека истрагата за инцидентот е во тек, пренесе „Ројтерс“.

Врз американската Амбасада во Анкара, околу 5 часот утрово по локално време, беа испалени неколку истрели од возило во движење, при што беше погоден прозорецот од просторот за обезбедувањето.

Тимови на полицијата ги бараат напаѓачите кои побегнале со бел автомобил.

Нападот се случи во период на влошување на односите помеѓу Анкара и Вашингтон поради судењето на американскиот свештеник Ендру Брансон во Турција.