7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запленети 247 килограми марихуана во близина на грчко-албанската граница

Грчката полиција во две одделни акции запленила 247 килограми марихуана внесена од Албанија.

Во првиот случај во Неа Селефкиа, кај Игуменица, полициската патрола открила 145 килограми во напуштен автомобил, по што било утврдено дека возилото било украдено на 13 јули годинава во Корделио-Евосму, соопшти грчката полиција.

Од полицијата додаваат дека во тек е истрга за отркивање на крадците на возилото и нарко шверцерите.

Во вториот случај кој се случил во близина на Арта, бил запрен автомобил кој доаѓал од правец на зелениот граничен појас. Во возилото имало 100 пакети со 102 килограма марихуана.

По проверката и пронаоѓањето на марихуаната од страна на полицијата уапсена била една жена на возраст од 52 години од Грција, која управувала возилото кое било во сопственост на 29 годишен Грк по кого полицијата сеуште трага.

Спонзорирано: