19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Венко Филипче да си поднесе оставка, бара ВМРО ДПМНЕ

За СДСМ здравството претставува само приватен бизнис и ништо друго, за нив не е важно ниту здравјето, ниту животите на граѓаните туку само наместените тендери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Низата на афери не допреа со совеста на функционерите на СДСМ. Министерот за здравство Венко Филипче безобзирно ги искористува сите можности да дојде до повеќе пари од буџетот кој е предвиден за лекови за граѓаните. Филипче да си поднесе оставка. Тој е без кредибилитет“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Со 35 милиони евра ќе можеше да се решат многу проблеми во здравството, но тие пари беа наменети само за еден, фирма за кој постојат сомневања дека e блиска до врвот на Власта, стои во соопштението на партија и се додава дека директорката на клиниката за хематологија доделила тендер тежок 3 милиони евра на сопствената фамилија.

„Имено директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата која го доби овој тендер. Последен но не и најмалку опасен е скандалот со инсулинот кој според сомневањата е со краток рок и не може да се користи повеќе недели. Доколку ова е точно тоа e животно загрозувачки за пациентите кои очајно им треба инсулин“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ својата инвентивност на ја користи за да најде решение за проблемите на граѓаните туку наоѓа начини како да ги испумпа парите од буџетот само за да ги добие фирма блиска до нивната врхушка.

Спонзорирано: