10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Страшна автобуска несреќа: Згаснаа три животи, многумина завршија во болница по тешката сообраќајка во Полска

Најмалку три лица загинаа, а 38 се повредени во автобуска несреќа што се случила доцна синоќа во југоисточниот дел на Полска.

Автобусот, според информациите на тамошните медиуми превезувал украински туристи од Лавов кон Виена.

Од засега непознати причини возилото паднало во провалија, по што неколкупати се превртувало. Повредените лица веднаш биле префрлени во најблиската болница.

Еден од повредените според информации од болницата се наоѓа во критична состојба.

Спонзорирано: