18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОРАНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Она што сите досега го криеја ќе биде објавено наскоро – Конечно ќе дознаеме каков потег ќе повлече ВМРО ДПМНЕ?

ВМРО ДПМНЕ наскоро треба да објави каков чекор ќе превземат на претстојниот референдум.

Засега нема јасен став околу следниот потег, но големи се шансите опозициската партија е да излезе на референдумот, имајќи во предвид дека токму идејата за референдум ја дадоа тие уште пред 10 години.

Според информации на Centar.mk, поголем дел од раководството е за излегување на референдумот, пред се поради тоа што партијата со години се залагала да има референдум за прашањето за името и евентуален бојкот ќе значи крај на сериозноста на партијата и пред меѓународната, но најважно и пред македонската јавност.

Исто така дека ВМРО ДПМНЕ ќе излезе на претстојниот референдум навестува и можноста да се изброи гласачкото тело на партијата по дебаклот кој го доживеаа на изборите во 2017-тата.

Евентуален бојкот не им одговара на ВМРО ДПМНЕ од повеќе причини.

Според аналитичарите ВМРО ДПМНЕ нема да го бојкотира референдумот поради тоа што евентуален бојкот ќе значи директна поддршка на руското влијание од една страна кое е ослабнато во последниве месеци, како и јасно вртење на грб кон меѓународната заедница што е погубно на краток и долг рок за опозициската партија која претендира еден ден да се врати на власт. Тоа практично од меѓународната заедница би било сфатено како вртење на грб кон про-западниот свет на оваа политичка партија.

Најтешко за партијата при евентуално повикување на бојкот и евентуално финишарање референдум без успех ќе значи целосна одговорност на партијата за македонската иднина, додека пак доколку референдумот заврши успешно, а ВМРО ДПМНЕ го бојкотира тоа ќе значи крај за амбициите партијата да се врати на власт во следните деценија-две.

Жолтиот картон од меѓународната заедница за најголемата опозициска партија беше даден по настаните околу изборите и 27-ми април 2017-тата, а потоа им беше дадена шанса партијата да се рехабилитира.

Според било која од варијантите, дали ВМРО ќе повика на гласање или не, анкетите покажуваат дека референдумот ќе успее.

Како клучна причина за успешен референдум се смета завршувањето на дводеценискиот спор кој практично ги измори граѓаните, влегувањето на Македонија во НАТО и почнувањето на преговори со ЕУ кои значат голем плус за економската стабилност и ќе донесат голем залет на македонската економија.

Спонзорирано: