7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Македонија тагува: Згасна животот на две лица

На 18.08.2018 година околу 13.50 часот на патниот правец Струмица-Берово, на излез од с.Дабиле, Г.Т. (49) од с.Петралинци, управувајќи патничко возило „Пежо 607“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда. Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица. По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб. ​Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот истиот бил пренасочуван по магистралниот пат с.Дабиле кон с.Босилово.

На 18.08.2018 година околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“, С. Т. од Прилеп, управувајќи товарно возило „Киа Бета“ со прилепски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.П. (71) од Прилеп. Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.

Спонзорирано: