18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Девојка снимила фотографија од сообраќајка и забележала чудна светлина – не знаела дека загинале три лица

Студентката Аниса Ганон од САД била на пат за на работа кога поминала покрај сообраќајна несреќа која само што се случила.

Улицата била затворена, а таа одлучила да фотографира што се случило како оправдување зошто доцни на работа. Она што не го знаела во тој момент – три лица го изгубиле животот.

23-годишната Хана Симонс со својата најдобра другарка Лаурен Бутеа била на пат да ја одведат нејзината 9-месечна ќерка Аланах на рутински преглед.

Изгубила контрола над автомобилот и се судрила со камион. Никој од трите патници не преживеал.

Кога Аниса повторно ја погледнала фотографијата, нејзината тетка забележала еден детал. Чудна светлина се појавила на смачканиот автомобил. „Изгледа дека одат во рајот“, рекла нејзината тетка.


Аниса одлучила да им ја покаже фотографијата на семејството на настраданите. Џоди Симонс, мајката на настраданата Хана и нејзината баба Дена се расплакале кога ја виделе фотографијата.

„Не знаете колку ни значи оваа фотографија“, рекла Џоди. „Не можам да опишам како се чувствував кога ја видов фотографијата“, рекла Дена. „Како да ги гледам како одат право на небо“, додала таа.

Спонзорирано: