3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Почина високиот функционер и екс-генерален секретар на најмноќната светска организација

Кофи Анан, некогашен генерален секретар на Обединетите Нации и добитник на Нобеловата награда за мир, почина денеска на 81 година.

Веста беше објавена на официјалната страна на „Твитер“ на Обединетите Нации.

„Жалиме за големиот човек, лидерот и визионер, некогашниот генерален секретар на Обединетите Нации, Кофи Анан. Убаво го помина живот. Тоа беше живот вреден за славење“, стои во објавата на ОН.

Веста ја потврди и фондацијата која го носи неговото име.

„Почина мирно, по кратка болест“, стои во соопштението.

Анан беше седмиот генерален секретар на ОН и првиот Афроамериканец на оваа позиција. Тој ја извршуваше функцијата од 1 јануари 1997 до 31 декември во 2006 година. Работеше и како функционер во Светската здравствена организација и помошник генерален секретар за мировните операции на ОН во Босна и Херцеговина. Од октомври 1995 година беше специјален пратеник на Обединетите Нации за поранешната Југославија. Тој беше и специјален претеник на ОН за Сирија. Анан заедно со ОН во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мирн, за нивната „работа кон подобро организиран и помирен свет“. Тој беше оженет и татко на три деца.

Спонзорирано: