12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Министерот Николовски дозволил лице со договор на дело да уништи службено возило надвор од работно време

Продолжува низата од скандали на злоупотреба на службени возила од страна на оваа криминална власт, се наведува во соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека после скандалот со злоупотребата на службеното возило на министерство за внатрешни работи од страна на ќерката на Директорот на БЈБ, Лазе Велковски, за патување на одмор во Грција и после користењето за приватни цели во Охрид на службеното возило од страна на шефот на единицата „Алфи“, Примислав Димовски, вчера македонската јавност била сведок на уште една злоупотреба на службенo возило.

„Се работи за возило на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство кое минатиот месец, поточно на 9. јули управувано од лицето Н.Б. од Виница направило сообраќајна незгода при што било целосно уништено“, се наведува во соопштението.

Од опозициската партија сметаат дека министерот Николовски треба да и одговори на јавноста на неколку прашања:

– Дали лицето Н.Б. имало патен налог и дали истото смеело да управува со службено возило од министерството?
– Како се случило лице со договор на дело да има службено возило кое го уништил?
– Кој дозволил ова лице да управува службено возило?
– Со каква цел и каде било испратено ова лице и дали сообраќајната незгода се случила надвор од работно време?
– Дали и кој ќе ја покрие штетата направена од оваа сообраќајна незгода, штета која што може да се забележи од фотографиите е голема, бидејќи возилото е целосно уништено?
– Зошто министерството и МВР молчеле цел еден месец?

ВМРО-ДПМНЕ бара министерот Николовски веднаш да понесе одговорност за овој случај.

„Овој скандал како и сите претходни за злоуптреба на службени возила на штета на граѓаните не смеат да поминат неказнето, а оваа криминална влада мора да замине“, стои во партиското соопштение.

Спонзорирано: