Тлото не се смирува – силен потрес од 6.6 степени според рихтер

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала го погоди индонезискиот архипелаг, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот бил на 153 километри североисточно од местото Раба, на островот Сумбава, на длабочина од 564 километри.

Не е издадено предупредување за цунами.