4.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тлото во регионот не се смирува – серија потреси оштетија ѕидови и балкони

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот Молизе во централна Италија, соопшти американскиот Геолошки институт. Овој потрес бил најсилниот во серијата од девет земјотреси кои го погодиле тој дел на Италија, пренесува агенцијата АП.

Епицентарот на најсилниот земјотрес бил во близина на Монтечилфоне, на длабочина од 9 километри и истиот направил помали материјални штети. Испукале ѕидови на неколку куќи, оштетени се и балкони, но нема поголеми штети. Сепак, луѓето во паника ги напуштиле своите домови, а едно дете е повредено откако од страв скокнало од тераса, наведува новинската агенција.

Противпожарната служба соопшти дека немало повици за спасување од областите во близина на епицентарот.

Според податоците на италијанскиот сеизмолошки институт, тој регион за само неколку часа бил погоден од девет земјотреси, од кои најсилниот бил тој од 5,1 степени, додека останатите биле со јачина од 4 до 2,5 степени.