Новитети: Нема веќе чекање на македонските патарини, го покажувате тагот и можете за секунда да ја поминете патарината

Македонија добива реконструирани патарини кои покрај досегашниот, ќе добијат и нов, олеснет начин на плаќање.

Centar.mk во ексклузивно интервју со министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски открива детали околу начинот на наплата.

– На одредени ленти сè уште ќе може да се плаќа готовински во кеш. На други означени ленти ќе се плаќа електоронски преку припејд и постпејд картички со едноставно допирање на картичката до означеното место за тоа. Системот врши категоризација на возилото и од картичката ќе симне онолку пари во зависнот какво возило користите, вели за Centar.mk, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

Како голем новитет се таговите кои се всушност микробранови траснппордери.

– Патарина ќе се плаќа и со микробранови транспордери така наречени Тагови кои ќе се лепат на шофершајбната Пред наплатната рампа, системот го регистрира Тагот и рампата се отовора без да се губи време, вели Сугаревски за Centar.mk.

– Картичките и таговите ќе можат да се купат најпрво на самите патарини, а потоа и на продажните места со кои ЈПДП ќе склучат договор. На овој начин сметаме дека ќе нема тесни грла по патарините и ќе се олесни начинот на наплата на патната такса, додава Сугаревски, пренесе Centar.mk

Целосното интервју може да го прочитате во утрешното издание на Centar.mk.