Сообраќајка близу Ресен – сообраќајот е во прекин на ова место

Поради сообраќајна несреќа на превојот Ѓавато кај црквата „Св. Богородица“ сообраќајот на магистралниот пат Битола – Ресен е затворен за сообраќај во двата правци.

Возилата се пренасочуваат по стариот пат од Битола за Ресен на потегот од превојот Ѓавато до селото Кажани, а за тешките возила сообраќајот е целосно затворен.

Засега нема информации за загинати или повредени лица.