Метеж на „Богородица“ и „Табановце“ – се чека и по еден час

архива

Зголемена фреквенција на возила попладнево има на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ за излез од земјава.

АМСМ информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на граничниот премин „Богородица“, каде што задржувањето е околу половина час, и на граничниот премин „Табановце“, каде што задржувањето е околу еден час.