(Видео) Мицевски: Се злоупотребуваат буџетски пари и се трошат немилосрдно за вработувања кои се незаконски

Непочитувањето на законите во земјава е во сите пори на општеството, организирано и без срам, се злоупотребуваат буџетски пари и се трошат немилосрдно за вработувања кои се незаконски и во сите фази и без критериуми, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Никола Мицевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција вели само во 2018 година, односно за период од само седум месеци, во државната и јавната администрација, според нивните анализи, објавени се околу 140 огласи за вработување на неопределено време, административни службеници во 100 институции, за 450 извршители односно 450 нови вработувања.

Мицевски додава вкупно за седум месеци од 2018 година, приближно 4.400 огласи, во над 700 институции, за повеќе од околу 5.900 нови вработувања.

СДСМ вработува спротивно на сите препораки од Европската Унија, посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и додава тоа е спротивно и на сите позитивни прописи за вработување во Македонија, затоа упатуваме прашање и бараме одговор од надлежните Министерства и јавна претставка доколку се уште постојат Државен управен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Државен завод за ревизија, додава Мицевски.