20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

(Видео) Арсовски: Се кршат процедури на секој чекор, некој мора да одговара

И по 1 месец од скандалозната прослава на СДСМ, која пропадна бидејќи граѓаните не се согласуваат со штетниот договор со Грција, излегуваат милион скандалозни постапки во однос на организацијата и трошењето на парите на граѓаните, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Вчера, на изнесениот скандал од наша страна во врска со трошоците, граѓаните не добија колку било фактурирано и дали се потрошиле околу 40.000 евра повеќе од прикажаното од страна на Владата, одговор сè уште нема, додава Арсовски на денешната прес-конференција.

„Според информациите креирани на интернет-страницата за јавни набавки како ‘вид на постапка’ што е спроведена за склучување на предметните договори, договорниот орган дефинирал ‘доделување договор за јавна набавка за категоријата услуги 17-27’, што подразбира дека овој тип на услуги се дефинирани во член 3 од Уредбата за услугите кои се предмет на договорите за јавна набавка на услуги. Па, така, целата постапка треба да се спроведе во согласност со член 17, став 2 од Законот за јавните набавки, односно примарно е да се обезбеди конкуренција, еднаков третман за економските оператори што имаат понуди, транспарентност итн. при спроведување на постапката за да може сите економски оператори да бидат конкурентни на тендерот, односно оние што се заинтересирани. Прво и основно, зошто огласите за двете набавки воопшто не се објавени на интернет-страницата за јавни набавки во делот ‘други огласи’, каде што и се објавуваат огласите за овој тип на услуги? Каде воопшто се објавени огласите? На кој начин се обезбедени конкуренцијата и еднаквиот третман на другите фирми и на кој начин е обезбедена транспарентноста во постапките во согласност со член 17, став 2, а во врска со член 2 од Законот за јавните набавки?, праша на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски додава за ова некој мора да одговара. Се кршат процедури на секој чекор, вели Арсовски и додава нема една чиста тендерска постапка, го охрабруваме Јавното обвинителство да го испита и овој случај на сомнителна тендерска постапка.

Спонзорирано: