21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Телефонски разговор на Макрон и Ердоган, економските односи и трговијата главна тема на разговорот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, остварил телефонски разговор со својот француски колега, Емануел Макрон, а едни од главните теми на разговорот биле економските односи и трговијата.

Како што јавуваат медиумите, повикувајќи се на неименувани извори од Турција, телефонскиот разговор бил фокусиран на важноста за развој на економските односи и трговската размена меѓу земјите.

Според иститот извор, двајцата претседатели договориле и средба на министрите за финансии на двете земји, а Макрон посочил дека економската стабилност на Турција е важна за Франција.

Ваквиот телефонски разговор меѓу Ердоган и Макрон доаѓа во време кога турската економија е ослабена по наглиот пад на вредноста на турската лира, дипломатската криза со САД и воведувањето на санкциите.

Претходно, денеска, Ердоган имаше средба и со катарскиот шеик Тамим бин Хамад ал-Тани, кој посочи дека Катар финансиски ќе ѝ помогне на Турција за излез од кризата.

Спонзорирано: