13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајна полициска акција – уапсени шест лица кои планирале ликвидации

Црногорската полиција во тајната акција уапси шест лица поради основано сомневање дека се дел од криминалната организација која планирала најтешки кривични дела, пишува „Побједа“.

Акцијата била извршена вчера и уапсени се лица блиски на Милиќ (Миња) Шаковиќ за кој постои сомневање дека е поврзан со т.н. шкаљарски клан.

„Побједа“ пишува дека уапсените биле во интензивен контакт со Јанко Вукадиновиќ, затвореник во ЗИКС, кој е обвинет дека е дел од криминалната организација што стои зад повеќе ликвидации.

За време на претресот на становите на осомничените било пронајдено големо количество оружје и експлозивни направи и биле запленети и уште некои предмети кои ги проверуваат иследниците.

Спонзорирано: