9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ со уште една порака до Мицковски

Владејачката СДСМ преку соопштение бара од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да се изјани за референудмот.

„Ако сте за иднина на Македонија во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет треба да ги повикате членовите на ВМРО-ДПМНЕ да излезат на референдум и да изберат иднина.
Како тоа цела деценија зборувате за референдум а сега кога е извесно дека ќе се случи да немате јасен став? Несериозно е да се нема став за најважните прашања за иднината на државата и граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата смета дека изборот е членство во НАТО и ЕУ, признаен македонски идентитет или темно минато, криминал, изолација и неизвесност.