17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Протоѓер му нарачувал на Јанакиески да им нареди на амбасадорите да одат по куќи и да собираат гласачи од дијаспората

Во кривичниот суд во Скопје, по речиси четири и пол часа, време за приговори на адвокатите на обвинетите, почна репродуцирањето на бомбите во судницата по предметот „Титаник”.

Судот одлучи да бидат пуштени сите бомби во присуство на јавноста, освен 7 кои се поврзани со приватниот живот на сведоците.

Во една од бомбите што беа пуштени, Мартин Протоѓер му вели на Миле Јанакиески дека е алармантна состојбата со немање гласачи за да гласаат на изборите во 2011 година и дека се пријавиле едвај 30.

„Планираме да се пријават по 1000 луѓе од секој континент”, вели Протоѓер. „Задолжете ги амбасадорите да одат од врата до врата. Да им ѕвонат на врата бе, нека одат малце”, му вели Протоѓер на Јанакиески.

Во друг разговор, Протоѓер му вели на ексминистерот за транспорт и врски да им бара и извештај на амбасадорите и конзулите и да посетуваат дневно по 70 куќи.

„Повикувачки центри по амбасадите да има. Нека им вртат на амбасадорите по трипати дневно. Нека им се качат на глава. Нека им кажат сега ќе го информираме премиерот”, вели Протоѓер.

Спонзорирано: