12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Производителот на „корона“ инвестира во канабис

Американскиот производител на пиво „Констелејшнс брендс“ планира да инвестира четири милијарди долари во „Канопи гроут“, најголемиот канадски производител на канабис, што ќе биде најголема инвестиција во историјата на индустријата за пиво.

Минатата година американската компанија инвестира 200 милиони долари во „Канопи“ како дел од договорот за производство на безалкохолни пијалаци базирани на канабис.

„Констелејшнс“ произведува и продава пиво, вино и алкохолни пијалаци во САД, Канада, Мексико, Нов Зеланд и Италија, а сега сакаат да заработат на трендот на легализација на канабисот.

Тие нагласуваат дека властите од целиот свет веќе значително ги промениле ставовите кон канабисот и производите од канабис.

Заедно со „Канопи“ тие истакнуваат дека инвестицијата ќе ѝ овозможи на канадската фирма да го прошири својот бизнис во речиси 30 земји преку, на федерално ниво, одобрени програми за употреба на канабис за медицински цели.

Спонзорирано: