5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Орбан ja забранува петокраката, „Хајнекен“ меѓу најпогодените

Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да ја забрани употребата на црвената ѕвезда, односно петокраката, па неговата партија Фидес подготвува закон со кој ќе биде забранета секоја нејзина комерцијална употреба.

Законот предвидува парична казна од 6,5 милиони евра или две години затвор за секој што ќе се осмели да ја користи црвената ѕвезда.

Меѓу најпогодените ќе биде познатата холандска пиварница „Хајнекен“, чија препознатлива етикета со децении ја краси петокрака.

Експертите проценуваат дека забраната, покрај идеолошка, има и економска заднина.

„Хајнекен“ неодамна доби судски спор против еден производител на пиво во Романија, инаку многу популарен меѓу тамошните Унгарци.

Беше утврдено дека локалното „цсики“ премногу личи на Хајнекеновото пиво „циуц“, кое зазема голем дел на пазарот и секако сака да го задржи.

Според ова, црвената ѕвезда на Орбан му е само изговор да му наштети на „Хајнекен“, велат порталите.

Спонзорирано: