10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Новиот сопственик на „Горење” ги повлекува акциите од берзата

Новиот сопственик на „Горење“, кинеската корпорација „Хајсенсе“, одлучи да ги повлече акциите на „Горење“ од берзата, а одлуката за тоа ја најави за состанокот на акционерите на 17 септември.

„Хајсенсе“ поседува 95,42 проценти од акциите на „Горење“, а на малите акционери е подготвен да им понуди 12 евра за акција, што е еднакво на цената по која тој ги купи акциите на главните акционери пред три месеци.

Од денес „Горење“ има проширена управа, во која влегоа шест претставници на кинескиот сопственик, а поранешните членови на стариот надзорен одбор дадоа оставки. Генералниот директор на „Горење“, Фрањо Бобинац, останува на оваа позиција до понатамошно известување.

„Горење“ има 11.000 вработени, а покрај фабриката во Словенија, има фабрики и во Чешка и Србија.

Спонзорирано: