13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мирко тргнал среќен на првиот работен ден, го вратиле во ковчег – детали за големата трагедија кај Џенова

Идентификувани се жртвите од мостот во Џенова. Меѓу нив цели семејства со деца, и трагични судбини.

Под тоните асфалт настрадало тричлено семејство, информатичарот Роберто Робиано (44) со сопругата Ерсила Пичинино (41) и синот Самуел (9), како и 31-годишниот Мирко Вичини и 35 годишниот Бруно Касагранде, двајцата од Џенова кои добиле сезонска работа по месеци без работа, и мислеле дека ова им е најсреќен ден.

Меѓу загинатите е и 32 годишниот анестезиолог од Пиза, Алберто Фанфани кој на пат тргнал со девојката , 29-годишната Марта Даниси од Сицилија. И таа тргнала на нова работа.

Андреа Черули (47) од Џенова, исто така загинал на пат кон работа. Бил вработен во пристаниште. Мајрус Џери и Еди Бокрин биле на пат кон работа во службено комби на компанијата EuroPulicia.

Спонзорирано: